Ердоган нема никаква надлежност во постапката за екстрадиција која се одвива пред судовите и министерскиот совет, па вакви отворени ургенции се недолични, напиша на својот фејсбук-профил професорот по кривично право Гордан Калајџиев.



Реакцијата доаѓа по информациите дека македонскиот претседател Стево Пендаровски испратил писмо до претседателот на Турција Таип Ердоган во врска со екстрадицијата на Љупчо Палевски.

Калајџиев: Палевски може да го искористи тоа што го нарекуваат „монструм“, „психопат“…

Палевски кој побегна од Македонија и се наоѓа во естрадициски притвор во Турција е првоосомничен за убиствата на велешанецот Панче Жежовски со чие воизило била киднапирана 14 годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември, а неколку часа подоцна и – убиена.

Од кабинетот на Пендаровски не соопштија повеќе детали за содржината на пораката.

Претседателот Пендаровски во интервју за „360 степени“ во понеделникот кажа дека размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за екстрадицијата на Љупчо Палевски да се случи побрзо.