Професорот Гордан Калајџиев за „Слободна ТВ“ изнесе мислење дека погазен е Уставот со поставување на партиска личност за народен правобранител.



„ Прво е договорено дали ќе биде „македонско“ или „албанско“ местото, па после се оди надоле и тоа е понижување на Уставот“, изјави Калаџиев.

Тој оцени дека немаме капацитет за правна држава и независно судство, додавајќи дека е разочаран од изневерените очекувања.

Според него, корупцијата има различни појавни облици, но јавноста најмногу ја интересира високата корупција врзана со поврзана со полиичката елита па се надоле до администрацијата.

И таа има свој корен во тоа на кон начин функционира системот заробен од политичките партии.

Освен реторика и некакви лажни борби од типот на измислени функции како вицепремиер за борба против корупција, нема вистинско поместување, вели Калајџиев.

Извор: Вечер