Власта покажа дека не е подготвена да се соочи со големи афери и инциденти каков што е случајот „Рекет“, вели професорот по кривично право Гордан Калајџиев во емисијата „Детектор“ на Сител.
„Гледаме дека случајот се развлекува, опфаќа само некои од инволвираните иако е очигледно дека има поддршка во политичките структури, ние не знаеме до каде тоа би одело, бидејќи тоа е очигледно и од самиот имиџ на учесниците во постапката и на тоа како тие се користеле позадински со влијанијата со кои што се користеле.
За жал постапката трае долго и имаме една недовршена истрага која кај јавноста остава сериозни сомневања дека системот и натаму е политизиран, селективен и не е подготвен да се соочи со расчистување на високиот криминал и корупција“ вели Калајџиев за Детектор.





