Какво знаме (парталаво), таква влада (ВИДЕО)

Ако се суди според состојбата на државните знамиња кои се поставени од владините институции кои ги водат СДСМ и ДУИ, Македонија е парталава држава.



Државното знаме кое е поставено на јарболот пред ,,Етно Селото” на Водно во близина на манастирот Свети Пантелејмон ја симболизира македонската држава а симболот во случајов е парталав.

Зошто Службата за општи и заеднички (СОЗР) работи при владата дозволува граѓаните и странците кои го посетуваат Водно и Свети Пантелејмон да гледаат парталаво државно знаме е нејасно и целосно нелогично особено затоа што СОЗР редовно објавува тендери и набавува знамиња по цени за кои кога ќе падне владата на СДСМ и ДУИ некој ќе треба да даде одговори.

Во случајов парталовото знаме очигледно не е сменето долго време или некој набавувал скапи државни знамиња со многу мал квалитет.

Кој си игра со симболот на македонската државност е прашање на кое одговорот е јасен – некој одговорен во СОЗР на владата на СДСМ и ДУИ.