Македонскиот медицински експерт од Универзитет „Колумбија“ во Њујорк, Горазд Росоклија јавно ги праша премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров какво е чувството да си презрен од својот народ.
„ШЕЌЕРИНСКА, ДИМИТРОВ, ЗАЕВ
Какво е чувството да си презрен од сопствениот народ, на чие уништување работиш, да им слугуваш на луѓе кои те употребуваат како крпа и те имаат за потсмев?
Може ли да се стави цена на таква морална и духовна беда?“, напиша на својот профил на „Фејсбук“ членот на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.





