Дали има потреба од евентуално нови мерки за заштита против ширењето на делта сојот на коронавирусот и какви ќе бидат тие треба денеска да одлучи Комисијата за заразни болести.
Комисијата треба да процени дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме и дали има потреба од воведување на нови мерки во однос на заштита на границите.
„Треба да се разговара дали е тоа вистинската мерка со која може да се заштитиме“, изјави Филипче.
Во моментов само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин.







