Трите од клучните ресори во македонската влада ги водат луѓе кои во најмала рака имаат спорни лични искуства со решавање на проблеми во ресорите кои ги водат, смета еден твитерџија.
Дали ако Царовска работела во образование, Маричиќ имаше положено правосуден испит а Шеќеринска имала служено воен рок или искуство во одбраната работите ќе беа подобри за државата и граѓаните е прашање на кое треба сами да си одговорите.
Треба да разберете дека не води влада каде што:
Министерот за правда нема положено правосуден.
Министерката за образование еден ден не работела во образование.
Министерката за одбрана не служела војска.— Фелдмаршал Игорче Развигорче (@Igor_rujo) May 1, 2021






