Критиките за Фондот за иновации и технолошки развој за тоа кому и како се делат парите, за какви проекти се чини и дека не биле случајни. Држава која има еден таков фонд би требало да биде во првите по иновации, но во случајов не е. Со оглед на „иноваторите“ не е ни чудо што Македонија е на дното.

Македонија е меѓу последните во Европа по однос на иновациите, покажува рангирањето на европските статистички институции по однос на најиновативните земји во Европа.
Европскиот индекс за иновации, која ги мери иновациите во Европа според различни показатели, покажува дека Швајцарија имала највисок резултат на збирниот индекс на иновации од 142,4 поени. Од друга страна, Украина има најнизок резултат на збирниот индекс на иновации од 31 поен.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ постојано објавуваше скандалозен избор на домашни компании, блиски до власта кои добивале огромни средства од ФИТР, но до сега за истите обвинувања нема никаква правна разврска.
Европскиот индекс за иновации обезбедува компаративна анализа на иновациските перформанси во земјите на ЕУ, другите европски земји и регионалните соседи. Ги проценува релативните силни и слаби страни на националните системи за иновации и им помага на земјите да ги идентификуваат областите што треба да ги решат.






