Во најновото печатено издание на неделникот Фокус е објавен текст за двајца контроверзни луѓе кои стојат зад градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Едниот од нив е генералниот секретар на Градот, Зоран Глигоров, кој откако стана верна сенка на градоначалничката, заработи низа обвинувања од противниците, вклучително дека бил пријавуван за семејно насилство.
Вториот локален фактор во Скопје и еден од најблиските луѓе на скопската „кметица“, како што заради бугарскиот пасош ја нарекува Фокус е и Драган Митковски, чие семејство се поврзува со повеќе компании.






