Светските и европските лидери на своите национални празници особено ако се работи за борба за ослободување и независност исклучиво посетуваат историски локации каде се воделе големи битки, каде почнувале револуции или каде што се решавало за државност.
За разлика од нив македонскиот премиер Ковачевски денеска на големиот празник 11 Октомври освен на државните церемонии замина и на изложба на ,,Олдтајмери”, односно стари возила.
Каква е симболичната порака што сака да ја испрати до јавноста премиерот со овој потег не може да се каже со сигурност.
,,На големиот државен празник, во револуционерно Куманово, имав прилика да поразговарам со моите Кумановчани и да ја посетам првата изложба на олдтајмери, која се одржа на градскиот плоштад.
Убаво е кога ваквите несекојдневни настани ги спојуваат луѓето и ги зацврстуваат пријателствата и преку границите.
Се надевам дека оваа “олдајмерска” дружба ќе биде поттик за нови изложби и нови пријателства”, објави самиот Ковачевски.






