Каква музика се слуша во дискотека во селото Ајтос, Егејска Македонија (ВИДЕО)

Каква музика се пее и на кои звуци се игра во дискотека во сабота навечер, на половина пат помеѓу грчките градови Лерин и Кајлари?



Профилот Егејска Македонија на Х поранешен Твитер преку видео открива дека за разлика од Скопје каде ретко може да се чуе македонска музика во кафеаните и дискотеките во овој регион доминира македонски ритам и стихови кои ги пеат сите присутни.

Видеото е од дискотека во селото Ајтос, Леринско а пената која се пее е ,,Нека удрат тапаните”.

Ајтос е познато како селото кое што му пресудило на својот соселанец Митре Гинков кој во 1904 за 150 лири го предал војводата Александар Турунџев.

За своето предавство Гинков подоцна е ликвидиран од Македонците во ова село.

Во Егејска Македонија има стотина села со доминантно македонско население кое преку разни видови на приватни јавни собири негува македонска музика, култура и традиции.

Македонските власти засега со ништо не ги помагаат овие луѓе Македонци во Грција.

Колку е цврста врската на овие Македонци со матичната земја Македонија покажува и тоа што во грчките села и градови покрај македонските народни песни кои се пеат со векови новите генерации пеат и песни кои се стари само неколку години а се продуцирани во Република Македонија.

Оригиналната песна од видеото ја пее Јордан Митев