Премиерот Ковачевски цели педесет дена го одбиваше предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба или дуел за денеска да најави дека во наредните десетина дена официјално ќе побара средба со шефот на опозицијата.
Пред само педесет дена Ковачевски рече дека немало потреба од лидерска и дуели затоа што на декемврската лидерска средба тој го информирал лидерите на сите партии за процесот на уставни измени и со тоа биле биле расчистени сите прашања.
Сега по нецели два месеци Ковачевски се повлекува од старата изјава и без да каже што е сменето најавува дека ќе го моли Мицкоски за средба.
Партиски извори посочуваат на последните анкети нарачани од СДСМ кои најавуваат катастрофа на партијата пред јавноста но и сугестии на важни партиски структури кои бараат Ковачевски да се сретне со Мицкоски за да може да ги одбие барањата на ДУИ на разни теми пред се правосудството и корупциски скандали.
Дел од овие структури барале Ковачевски да предложи принципиелен фронт за соработка со ВМРО-ДПМНЕ за да се ,,заузда” ДУИ поради кои има дилеми за заминување на еден член на владата од СДСМ.
На почетокот на април Ковачевски го одби Мицкоски за лидерска средба кога лидерот на опозицијата се согласи за уставни измени по хрватски модел при што тој побара лидерска средба.
Премиерот тогаш го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба бидејќи ставовите на политичките партии биле веќе познати.
Во однос на прашањето за лидерска средба, Ковачевски рече дека ваква средба имало во декември кога биле повикани сите лидери на парламентарните партии на која се разговарало за најважните прашања стратешки за државата.
,,Покрај прашањата за енергетската криза, ги информирав претседателите на политичките партии и беше така како што им кажав – немавме ниту рестрикции на струја, ниту ценовен шок, обезбедивме антикризни мерки за граѓаните итн. Второто главно прашање беше усогласувањето во однос на потребата за уставни измени со цел продолжување на европските интеграции согласно со усвоената преговарачка рамка од страна на Собранието со мнозинство гласови. На таа лидерска средба сите лидери на партии се сложија за потребата од носење на уставните измени, освен еден којшто ќутеше и двајца којшто не дојдоа. Затоа сметам дека нема потреба од лидерска средба со оглед на тоа дека веќе ставовите се познати,
Според ставот на Ковачевски од пред 50 дена, ,,лидерска средба не е институционален формат на носење конкретни решенија, туку тоа е формат на којшто секој ги кажува своите политички ставови во однос на одредено прашање и политичките ставови ние таму како политичари, претседатели на парламентарни политички партии ги слушнавме”.
Во однос на тоа да се води дебата за уставните измени, таа дебата е структурирана повторувам уште еднаш, значи уставни измени дебата не се води на телевизија, не се води кога се пуштаат градежни работи на канализациски цевки во одредени општини. Уставни измени, дебата се води во експертска работна група каде секоја политичка партија делегира свои претставници и каде што врз основа на уставно право и врз основа на она што е пропишано се дефинираат амандмани кои потоа се ставаат на јавна расправа, рече тогаш Ковачевски.
Сега овие негови ставови веќе не важат и тој сам бара лидерска средба.






