Дисциплинската комисија ќе одлучува како ќе се постапи со наставникот кој физички нападнал ученик-седмооделенец, пред целото одделение во О.У „Панајот Гиновски“ во населба Бутел.
Вочнемирувачкото видео од инцидентот беше објавено во петкот на социјалната мрежа Тик Ток, а социолози велат дека таквите наставници треба да бидат надвор од образовниот процес.
Настанот остро го осудија и од детската амбасада „Меѓаши“.
Случајот беше пријавен во МВР каде беа сослушувани лица поврзани со инцидентот, а известен е и Јавниот обвинител.
Согласно Законот за основно образование секој вработен во училиштето е должен да се грижи за најдобриот интерес на ученикот и да го почитува неговото достоинството, како и Конвенцијата за правата на детето.
Забрането е телесно, психичко и сексуално малтретирање и казнување на ученикот и понижувачко однесување и постапување кон него.







