Каква и дали има алтернатива Македонија за рускиот гас?!

Ниту протестна нота, ниту реакција и тоа веќе неколку дена – буквално молк од македонската влада што Бугарија, спротивно на добрососедскиот договор, ни воведе такса за рускиот гас што стигнува до нас а транзитира низ бугарска територија, објави Алфа. Телевизијата и денеска праша, ама од „Илинденска број 2“ нема никаков одговор дали како држава имаме некаква алтернатива, колку ќе не удри по џеб, и што значи ова за Македонија. Неофицијално, според извори на Алфа нереагирањето на македонските власти, ќе не чини уште поскап гас, ама и набавка на далеку понеквалитетн гас од рускиот.



Согласно пријателскиот договор, Бугарија треба да ја поддржува Македонија како земја аспирант за ЕУ, но со воведувањето на нови давачки, ни зададе дополнителен финансиски товар.

Инаку, „Гаспром“ испорачува гас за Европа преку Украина, во количина од 41,8 милиони кубни метри дневно, преку гасната станица „Суја“ во руската област Курск, објаснуваат од „Газпром“.

  • Газпром од 22 октомври испорачува руски гас во транзит преку украинска територија во волумен потврден од украинската страна преку пумпната станица Суја во количина од 41,8 милиони кубни метри“, изјави претставник на Гаспром, пренесе ТАСС.

Транзитната линија низ Украина останува единствената рута за снабдување на земјите од Западна и Централна Европа со руски гас. Целосно е прекинато пумпањето низ Северен тек.

И додека Владата кај нас се однесува како ништо да не се случува, Србија и Унгарија експресно реагираа. Децидни се дека оданочувањето на Бугарија „драматично“ ќе ја зголеми цената на гасот што се доставува до овие земји. Тие најавија дека ќе бараат заеднички одговор од Бугарија и од Европската унија.

Добар дел од експертите веќе реагираа дека новата такса ќе се одрази на цената која ќе ја плаќа крајниот потрошувач и ја сметаат за голема уцена на бугарската политика врз земјава.