Каков пораз за Спасовски и МВР, граѓани почнаа сами да ги бараат криминалците (ФОТО)

На министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и МВР им се случува катастрофален етички и професионален пораз откако граѓани воопшто немаат доверба во работата на полицијата и почнаа сами да ги бараат криминалците.



Граѓани кои не го кријат името разочарани од работата на полицијата на социјалните мрежи почнаа да нудат парични награди за идентификација на крадци кои им влегле во куќите.

Речиси неверојатно е МВР на Спасовски со целата своја структура и ресурси да не може да најде човек кој е лесно препознатлив по тетоважата која е уникатна.

Фактот што се помалку луѓе веруваат во ефикасноста на полицијата може да има охрабрувачки ефект на криминалците.

За идентификација на крадецот чиј лик и тетоважа се гледаат на сликата а кој е снимен на домашна камера на граѓанин се нудат 50 евра.