Каков глупав статус, напиша првиот човек на Телма Снежана Лупевска Созен во реакцијата до Марјан Забрчанец висок член на СДСМ и владин национален координатор за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец кој објави дека во Македонија цените биле двојно пониски од Германија сакајќи да ја пофали владата во која е функционер.
Лупевска бара пред да напише таков глупав статус Забрчанец да провери колкави се платите во другите земји па дури и во Турција каде според анализата што ја споделува Забрчанец е поевтино од Македонија.

Со исклучок на неколку провладини ,,невладини” активисти кои се обидуваат да го релативизираат постот на Забрчанец речиси сите реакции се поразителни за владиниот функционер.
Во продолжение дел од нив:
,,И да, можеби ќе ти поверував на муабетов да немав гости од Германија минатата недела, сега имам гости од Холандија и ни се чудат како преживуваме со вакви плати и вакви цени. Чисто за споредба жената од Германија тука истиот памперс што го користи таму, си го плати 15 евра, а во Германија чини 7. Па ти види колку е дупло поевтино кај нас”
,,Каде можат да се видат цените за пооделните земји кои се користени во истражувањето ? Се сомневам во точноста на ова истражување”
,,Сигурно се зафркаваш?”
,,Леле што изнакажа.. Мене незгодно ми стана 👀”
,,Трошоците се пониски, а платите повисоки 😂! И поради тоа си седиме само дома, затоа што тука ни е најубаво. Просечен Македонец не може да си дозволи да се прошета една недела во Германија. Дај бидете барем малку пообјективни. Сиромашни сме, сите знаеме”
,,Никогаш не ти било срам”
,,Ако си киднапиран трепни два пати”, пишуваат пријателите на Забрчанец на Фејсбук.
Сите коментари тука
Предходно на обидот за манипулација на Забрчанец реагираше неговата екс сопартијка Софија Куновска.
Куновска до Забрчанец: Како не ти е срам да објавуваш вакви небулози
Најчитани статии
Ако знае а оваа социјална мрежа му е важна треба веднаш да си го згасне профилот






