Како звучи македонската химна испеана од Јапонец (ВИДЕО)

Маестро Казухиро Котецу од Јапонија ја исполни најавата и на Јутјуб ја постира својата изведба на македонската државна химна „Денес над Македонија“.



Басот и претседател на Токиската опера, кој има гостувано во Македонската опера и балет, својата љубов кон Македонија ја круниса со изведбата на државната химна, откако претходно ги отпеа „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“, „Мој роден крај“, „Ти се колнам“, „Болен ми лежи Миле Попјорданов“, „Кога падна на Пиринa“, „Пијан идам од града“, „Земјо македонска“, „И ние сме деца“ итн.