Твитер-профилот „На Цецто снаата“, кој го има твитот на денот за консултативниот карактер на референдумот, ја збогати дебатата на социјалните мрежи и со свој видео прилог за конзистентноста во ставовите на премиерот Зоран Заев за ова прашање.
На снимката претседателот на Владата му се обраќа на опозицискиот пратеник Велјановски со тврдењето дека референдумот ќе биде задолжителен, а не консултативен.
Денеска од Куманово, пак, Заев порача: „Знам дека референдумот ќе биде консултативен“.
Она кога премиерот ќе си остане на ставот. #Бесценето До земја царе. pic.twitter.com/2K8LtfY2Ni
— Нина Мелато (@PravednaTavita) July 30, 2018





