Иако уставот е јасен по овие прашања премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање најави дека Владата е подготвена да даде усна или писмена изјава дека Република Македонија нема територијални претензии кон Бугарија, како и уште еднаш да потврди дека нема да се меша во нејзината внатрешна политика.
“Точно е, дека нема потреба од нов Договор, и Бугарија се согласува со тоа. Немаме проблем со усна, писмена изјава или декларација, со која ќе изјавиме дека Република С. Македонија или кратко С. Македонија се однесува на територијата на нашата држава, дека немаме територијални претензии кон Бугарија или соседите. Се согласуваме тоа што ни постои во Уставот и во Договорот со Бугарија дека немешањето во внатрешните работи на соседните земји е принцип во кој веруваме. Спремни сме во таа изјава или декларација да ги потврдиме успесите кои ги постигнала Историската комисија. Спремни да преземеме обврска за зајакнување на економска соработка”, најави Заев.
Со потпишување на Преспанскиот договор и промената на уставот Македонија ги смени членовите 3 и 49 со кои изјавата на Заев или владата се депласирани.
Лично или владини изјави за прашања регулирани со уставот немаат никаков легитимитет ниту правно значење.






