Седумнесет дена откако на 17.02.2023 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека во тек е акцијата ,,Безбеден град” и на криминалците им порача дека ќе бидат спречени да сторат било што против јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните, на Македонија и се случи мал масакр во центарот на Скопје.
Двојното убиство се случува во непосредна близина на некои од најдобро чуваните објекти во земјата а убијците без никаков проблем избегале од местото на настанот.
„Сакам да упатам јасна порака дека оваа акција „Безбеден град” нема да престане. Ова го кажувам затоа што се пласираат шпекулации и невистини, пред се’ од групи на криминалци кои не им одговара една ваква оперативна акција и морам денеска нив да ги разочарам, а на задоволство на сите граѓани на Македонија да укажам дека таа активност ќе продолжи во наредниот период, се’ со цел да ги постигнеме максимално целите а тоа е мир, безбедност и стабилност на секој еден граѓанин на територијата на Македонија.“ , објави на 17 февруари на ФБ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Веќе на шести март, како што анализира добро упатените профил Демир на Твитер, се случува егзекуција на 2 лица во центарот на главниот град:
локација:📍Шиша Бар, Чаршија
▪️700м до Влада
▪️700м до Полициска Станица Бит Пазар
▪️1км до Полициска Станица Центар
▪️1.3км до Амбасада на 🇺🇸 САД
▪️1.6kм до Касарна Илинден
Министерот Спасовски се уште не ни помислува да даде оставка за дебаклот на неговата операција Безбеден град кој се распадна на парчиња.
17.02.2023, Спасовски: Во тек е акцијата безбеден град – https://t.co/HnGqrnoPq1
06.03.2023, Црна Хроника: Егзекуција на 2 лица
локација:📍Шиша Бар, Чаршија
▪️700м до Влада
▪️700м до ПС Бит Пазар
▪️1км до ПС Центар
▪️1.3км до Амбасада на 🇺🇸
▪️1.6kм до Касарна Илинден pic.twitter.com/9fNNmTXQ5x— Демир (@Trollowsky) March 7, 2023






