Инженер во фабриката „Тесла“ бил нападнат од робот кој се расипал.
Роботот бил дизајнирана да ги фаќа и преместува свежо излеаните алуминиумски делови за автомобили.
Додека инженерот го програмирал софтверот за два неисправни роботи Тесла, роботот ги закопал своите метални канџи во неговиот грбот и во раката, оставајќи трага од крв по подот.
Инцидентот, кој ја оставил жртвата со „отворена рана“ на левата рака, е откриен во извештајот за повреда од 2021 година поднесен до округот Тревис и федералните регулатори во САД, а го обелодени весникот Дејли мејл.
Од „Тесла“ до регулаторите нема пријава за никакви други повреди поврзани со роботи во фабриката во Тексас во 2021 или 2022 година. Инцидентот се појави во јавноста токму во периодот кога е зголемена загриженост за ризиците од автоматизираните роботи на работното место.






