Цитатите од брошурата „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, печатена 1894 година, открива дека и пред речиси 13 децении на сличен начин се одвивала битката меѓу ВМРО сега ВМРО-ДПМНЕ, против бугарската пропаганда.
„Егзархијата дава пари и купува ветер зашто народноста со пари не се купува – тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува“.
„Ни даваат пари за да не убијат. По ѓаволот тие пари, ако нашите општини, убивајќи ги, уште и не ги веруваат, па им натрапуваат семожни претседатели, владици, директори, учители и сл. за да ги контролирале сумите-единствениот мотив на бугарската пропаганда. Да, бугарска пропаганда“, пишува во брошурата која сега ја објавува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски а чиј автор
е Петар Поп Арсов, еден од шестмината апостоли, основачи на Македонската Револуционерна Организација.
Поп Арсов на брошурата е потпишан со псевдонимот Вардарски, а во неа лажно е напишана Виена како место за печатење.
Брошурата „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“ била напишана по барање на Централниот Комитет на МРО , на бугарски јазик бидејќи таа не била наменета само за Македонците, туку и за македонската емиграција и за Бугарите во Бугарија, пишува Стоилковски кој потсетува дека оваа брошура имала задача да ја разобличи политиката на бугарскиот премиер Стамболов и црковно – просветната пропаганда на Бугарската Егзархија во Македонија.
,,Историјата се повторува како ненаучена лекција се додека не се научи.
Честит да ни е и за многу години Денот на Македонска револуционерна организација”, пишува Стоилковски на денот на македонската револуционерна борба.
(фото: Оригиналната корица на брошурата)





