Како власта преку ФИТР со десетици милиони евра купува гласови за следните избори

Влијателниот активист на социјалните мрежи Јосиф Џолев иронично порачува на граѓаните: не се замарајте, не читајте, досадно е, повеќе од збор два за Фондот за иновации…



Џолев анализира какви идиотски проекти вредни десетици илјади евра се финансираат од власта преку Фондот за иновации и развој (ФИТР) со цел да се обезбедат гласови за наредните избори.

,,Изминативе 6 месеци често ми приоѓаа пријатели со два типа на коментари:
– Што е бе, толку, се откажа!?
– Дојдоа ДУИ на власт во Фондот и толку од тебе, а!?

Како и што пишав претходно, премногу други поголеми срања и се случуваат на Македонија за некој да се загрижи за некои си ситни милиончиња испрани преку Фондот.

Бидејќи имам приказни за стотици фирми, приметив како јас повеќе ги објавувам, така во позадина голем дел од нив се обидуваат да се заштитат и (и покрај тоа што тоа ништо не менува кога е во прашање сторениот криминал), па така на своите сајтови почнаа да објавуваат дека Проектот е во тек, дека се спонзорирани од Фондот, а имаше и 3 од нив кои пуштија реклами на ТВ дека подржани од Фондот работеле на тоа и тоа, без разлика на тоа што нема благе везе и не работат на ништо од тоа. Седми, осми од нив, морам да кажам – доста итри, кои лапнале по над 200.000 евра за некакви си нови продукти, серии, видови, од она што го произведуваат, каде и покрај тоа што немаше никаков знак дека работат на тие нови видови, имам прилично докази, 3 години по добивање на кешот, т.е. откако се распишував за тоа дека на сите ќе им биде судено, а Деспотовски и Петров ќе се во притвор и ќе мора да пеат, тие итри фирмички официјално соопштуваат на своите страни и сега имаат алиби дека имаат такви производи, можеби произведени во една серија, само и само да замачкаат очи и на така незаинтерисираната публика (посебно онаа од која најмногу ми се гади – новинарската) околу темата, во која се испрани (сега новиов директор ја намали на сајтот) над 100 милиони евра.
Морам да кажам дека и ова влијаеше да намалам со јавно објавување на имиња и презимиња, бидејќи веќе документирав дека сериозно работат на тоа да се заштитат од идно апсење на Петров и Деспотовски”, пишува Џолев кој објаснува дека не го сменил мислењето и не запира со анализите затоа што сега директор на ФИТР е од ДУИ.

,,Покрај тоа што има други срања, а и самиот немам време да пратам се, сепак не би сакал некој да помисли дека некаква си промена на директорската позиција влијаела да имам поинакво мислење за пералната – Фондот и дека сум го променил мислењето дека треба итно да се затвори и да им се суди на злосторниците, а подарениот кеш да се врати во буџетот на Македонија или директно на народот. Повторувам, оставката на дебилот Коста Петров не беше целта, стоп на невидениот криминал е целта.

Да не должам, само набрзина ќе поминеме низ последниот конкурс, каде има цифри на кеш, буквално од типот џепарац, нешто со кое не се занимавам, бидејќи частење до 50.000 евра не сум го разгледувал воопшто порано, оти има милиони такви частења, но овој дечко, вие што го викате од ДУИ, а за мене е само директор на Фондот, ми чуе од каде е, малку ги намали високите цифри, но гледам дека има план да ги зголеми фирмите за частење, оти сепак се ближат избори и секој глас е битен и добредојден. Во секој случај искрено не се замарам со овој тип, бидејќи додека не ги видам во притвор оној ентропонурот Петров и лигушон Деспотовски, кои испраа над 100 милиони евра, нема потреба да брзаме и одиме понатаму.

Но сепак, за да знаете зашто сте вие сиромашни, а други се успешни бизнисмени, еве да проследиме 2-3% од најновиот конкурс набрзинка, каде што исто ко и во претходните ми чуе чии се фирмите, а исто така можеби и за некои грешам имаат благородна цел, но немам време да тенчам, вагам и посебно ги разгледувам новиве,… од последниот конкурс:

(Исто така да спомнам дека сега овој новиов дечко директор скратил на информации за јавноста во делот опис на Проектот, така што сега имаме само Име на Проектот, а под име на Проектот може да пишеш и Мики Маус, а не е ни битно да наведеш за јавноста дека всушност парите за Проектот “Мики Маус” ти се да произведеш најново тесто за пица, невидено во Кратово последните 200 години)

👉 СМАРТ КАПИТАЛ – од Кавадарци, за проектот: Роботи во земјоделството – 35.000 евра.
Вакви фирми, за истата работа, со истиве алатки, изминативе 20 конкурси има над 50, можеби 100 частења. Оваа фирма посебно во “За нас” т.е. за нив, имаат наведено само број на фиксен телефон, нит кога се основани, нит што сработиле, нит кој е газда или лице за контакт, ништо. Сликичка од едно мало тенкче и едно дронче и тоа е тоа, доволно за 35.000 евра.

👉 Игротека ДОРА – од Штип. Регистрирано како игротека, а не е игротека, не можете никаде да ја најдете како игротека, бидејќи е ОНЛАЈН Биолошка школа. Добиле 10.000 евра. За што? Според она што можам да го видам за 30 секунди посветено време, го работат истото што го работеле и 2020 година, така што не знам за што.

👉 ВИЗИЈА ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ – од Куманово, ќе произведуваат факинг “ОНКУРС” (што и да е тоа) и тоа за само 20.000 евра.
Оваа, според она што го видов онлајн, постојат кујзнае од кога, бидејќи ваква голема курсална не се прави преку ноќ со помош на Фонд за иновации.
Исто ко претходно со игротеката, не разбирам што има курсална да добива 20.000 евра, кога таа курсална не е бесплатна, луѓе плаќаат за тие 100 курса што ги нуди оваа курс куќа. Единствено ми има логика ако тука тутори се роботи!? Не знам, но има логика ако се набавени софтвери за роботите да може да зборуваат македонски јазик и предаваат, тогаш ок, можеби и 30.000 евра требале да им дадат.
Само уште нешто тука да спомнам за да си го имаме на ум, бидејќи додека читаме вакви бљувотини мора едно да имаме на ум. Оваа курслана нуди над 30 видови на курсеви. Дали знаете колку вработени има!? Дали знаете дека на еден обичен состанок со вработените, сопственикот на курсалнава, има право и доволно е да ја изговори само еднаш реченицата дека да не беше Фондот за иновации и таа и таа партија тие сега ќе немаа работа. Дали мислите дека вработените и семејствата на овие вработени би апстинирале од гласање идната година!?, и дали знаете за кога ќе мора да гласаат овие кутри сиромашни овцички!?

👉 СВАРОГ – од Прилеп, за проектот “Подобрено производство на штанц табли” – 65.000 евра.
Компанија што постои 15 години и што во најголем процент работат со клиенти од странство. Се сомневам дека имале помала добивка од 100.000 евра претходната година, па без овие 65.000 нема да можат да преживеат и ќе затворат, а за разлика од нив со овие 65.000 евра – двоцифрен број на очајни семејства во Македонија би пробале да помогнат на своето детенце да има типичен развој, стотици би се спасиле буквално од глад или буквално 3-5 дечиња нема да чекаат милостина преку телефон и би се спасиле буквално сега, денес.

Ќе скратам, видете ја модава со централиве за енергија и поставувањето на фотоволтаични централи, да си пукне секој од нас од мука што дома нема инсталирано барем 10тина комада.

Ќе ги спомнам првите што ќе ми дојдат и нема да ги коментирам, приметете ја само модата на за што се доделува кеш и запрашајте се кој ги поседува фабриките кај кои ќе мора да се обратат овие добитници да би го набавиле ова.
Ако некој новинар или јас или сличен најде барем еден добитник од овие добитници ДА се обрати во фирмата на Ќурката или некој од останатите 5 од ужи круг на власта, според мене треба да се суди на плоштад, но има и други решенија за истите. Сепак да прочитаме некои:

👉 ШИТКАРСКИ – од Свети Николе – за Паметна фотоволтаична централа – 65.000 евра

👉 СПЕКТРУМ СЕРВИС – од Тетово – за Скенер за детектирање на механички дефекти и фотоволтаична централа – 60.000 евра

👉 ЕНИГМА ПЛАСТ – од Битола – за Набавка на трафостаница за континуирано снабдување со електрична енергија и набавка на фотоволтаици за производство на електрична енергија за сопствени потреби – 62.000 евра.

👉 ИНТЕР МАК – од Велес – за Инвестиции за независност од енергетскиот пазар – 45.000 евра

👉 РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС – од Скопје – за Развој и изведба на високоефикасен енергетски трансформатор – 60.000 евра

👉 ИМПЕРА ПЛУС ИНЖЕНЕРИНГ – за Проектирање на фотоволтаични капацитети со БИМ алатки – 15.000 евра.

👉 ВЕНИ КОМ – од Тетово – за Нова дигитализирана опрема – за производство на еколошки јајца од кокошки хранети соорганска храна и фотоволтаична централа- енергија од обновливи извори на енергија – 60.000 евра

👉 Ф-Ј ИНЖЕНЕРИНГ – од Тетово – за Нова производна линија за производство на ЦНЦ машини и уникатни делови кои не се произведуваат во Р.С.Македонија и фотоволтаична централа – енергија од обновливи извори – 60.000 евра

👉 БЕКОНТРАКТ – од Тетово – за Забрзан раст со нова софистицинара дигитална технологија и ГМП медицински панел за клиники, болници, лаборатории итн, со електрична енергија од обновливи извори на енергија – 60.000 евра

👉 НИКОМ – од Кавадарци – за Фотонапонска електрична централа за производство на електрична енергија, подобрување на животната средина, енергетската ефикасност и намалување на трошоците – 130.000 евра

👉 ЕЛКОН КОНЕКШН – од Скопје – за Професионални услуги за изведба во светот на соларната енергија – 67.000 евра

👉 ГРАДБА ПРОМЕТ – од Кавадарци – за Инсталација на фотонапонски модули за производство на електрична енергија за сопствени потреби – 75.000 евра

👉 ЈАВЕН СМАРТ – за Едукативен систем за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија – 30.000 евра

👉 АЛФАЗЕТ М – од Тетово – за ГОСПОДАР НА СВОЈАТА ЕНЕРГИЈА (име на проектот) – 65.000 евра

👉 ОПСО – од Велес – за Конструктивно подобрување на производствен процес на бојлер за соларно загревање на вода – 93.000 евра

Итн итн итн… ова само колку да добиете слика како некој станува милионер, а тоа не сте Вие.
Значи во 2023 година Вие сте – ем не милионер, ем без Фотонапонска електрична централа или во превод – безнадежен случај. Излезете, бидете овца и пак гласајте ги коалицијата дпне и седесеме.

Ајде да ги спомнеме и:

👉 ПЗУ ДР. КОКОРОМАНОВСКА – проект “Дигитализација на Др. Кокоромановска” – 25.000 евра.
Што мислите дали ќе излезе и за кој ќе го даде гласот на следните избори оваа Кокоромановска, која и да е!?,… најбитно за Вас, Македонија ја дигитализира на докторката.

Потоа,.. додека вашите деца скапуваат во таканаречените градинки низ Македонија, во кои работат личности без договор и на минималец, еве како државата со пари од истите тие утепани луѓе финансира приватни градинки:

👉 ПРИВАТНА ГРАДИНКА РЕА – за Иновативна академија – кеш од 35.000 евра.
Мислам дека градинката во Радишани може да се шитне ко комплетче за 35.000 евра, нема дефектолог во сите градинки на дијаметар од 8 км, скраја да е некој да помисли на медицинско лице во градинките или пак да се симнеме неколку скали подолу – да имаме играчки, но за во некоја си приватна градинка, државата има да одвои за “Иновативна академија” – 35.000 евра.

Ај да прекинам,… за крај само ова:

👉 ДОКТОР ГУДНАЈТ – 20.000 евра за некој си “сертифициран тренер за спиење” за Проектот – “Добра ноќ за добро здравје”.

Не би го коментирал ова, за доброто на сите…

Имајте убави празници,.. реалист сум, не сум хипокрит, не верувам во среќна 2023, па затоа и нема зашто би Ви посакувал некаква надеж, оти тоа е најстрашно нешто можно што може да Ви се случи..”, пишува Џолев во шокантната анализа за начинот на кој во Македонија се купуваат гласови.