Како владата потрошила 200 милиони евра за подоцна Македонија да загуби уште 10 пати по толку

Како владата потрошила 200 милиони евра за подоцна Македонија да загуби уште 10 пати по толку, објаснува професорот Дејан Трајковски од Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола.



Професорот Трајковски дава пластичен приказ на операцијата во која владата со неверојатни 200 милиони евра дадени на според начин ја крева цената на струјата од РЕК Битола по што предлага договор со грчки Митилинеос со кој Македонија ќе загуби до 2 милијарди евра.

Целата операција која јавноста досега не можеше да ја препознае во детали ја објавува професорот кој предупредуваше и за скандалот Чебрен од кој се откажаа грчкиот инвеститор.

,,Производствената цена на електричната енергија од РЕК Битола се искачила од 36 на 110 евра/MWh? Нормално дека се искачила, со непотребно ангажирање на приватници по ненормално набиени цени на услуги што достигнуваат 200 милиони евра.

Ако не ангажираа приватници, со тие пари ќе ја изградеа гасната централа што сакаат да му ја подарат на Митилинеос за да нé молзи – и уште ќе им останеа пари.

Всушност, тоа им беше целта. Со расипнично работење и генерирање трошоци ја кренаа цената до небо, за да докажат дека РЕК Битола е неисплатлив, да го донесат „Митилинеос“ и во Битола, а 2.500 илјади работници да ги остават на улица. Само изроди од родот свој можат ова да му го прават на својот народ.

Зарем нé сметаат за толку глупави кога ни велат дека немало пари за гасна централа, а нема затоа што токму тие недомаќински ги потрошиле?

Не знам што чека министерот за внатрешни работи од редовите на опозицијата, ова е поважно од кривичната пријава против Оливер Спасовски. Со едно влегување на полицијата можат да го сопрат ова крвничко уништување на РЕК Битола за само неколку дена. Материјал има повеќе од доволно.

Најмалку што можат да направат е да спречат нов тендер за ископување и транспортирање на јаглен и јаловина и да ги натераат своите вработени да работат со сопствената механизација.

Трошоците веднаш ќе одат надолу, а со нив и производствената цена на струјата. Освен тоа, ќе останат пари за инвестирање во гасна или фотонапонска централа, наместо да завршат во џебовите на приватниците, пишува професорот Трајковски.