Среде „плукни-залепи“ кампањата за додавање на бесмислената кратенка NMK на регистарските таблички на возилата од Македонија, твитерџијата „Арамбаша“ објави изглед на замислена регистарска табличка за македонските возила за која не би имале против Македонците што ја саботираа „Северна“ на пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година.
Таа ги содржи Сонцето од Кутлеш од официјалното државно знаме на Република Македонија по осамостојувањето, воедно и национално знаме на Македонците, потоа грбот на Македонија од 1595 година, сè уште важечкиот меѓународен код МК, како и црвената боја од македонското знаме во левиот почетен дел.





