Роса Елена Бонила (52),поранешната прва дама на Хондурас, беше прогласена за виновна за злоупотреба на 779 илјади американски долари од меѓународни донации,  пари што ги искористила за накит, медицински прегледи и школарина за децата, за време на мандатот на нејзиниот сопруг Порфирио Лобо, пренесе Пресинг.ТВ.



Бонила била уапсена во февруари 2018 година по истрагата за исчезнување на парите од јавните средства, вклучително и буџет дизајниран да обезбеди чевли за сиромашните деца на Хондурас.