Како според Заев Бугарија го прекршила договорот со Македонија?

Според премиерот Заев Бугарија го прекршила членот 2 од Договорот за пријателство и добрососедство и со тоа ја поставила првата блокада на Македонскиот пат кон ЕУ.



Заев најверојатно мисли на ставот два од членот два затоа што досега немало проблем со мултилатералните односи кои се регулираат во ставот 1 од истото член.

Според ставот два од членот два Бугарија презела обврска да го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија.

Со најновата блокада на Софија во Брисел дефинитивно го прекршила договорот но останува прашањето зошто досега владата во Скопје молчеше за прекршувања на повеќе други членови од договорот потпишан пред 3 години.

Со договорот Бугарија не смее да се меша во внатрешните работи на Македонија но таа го прави тоа систематски без да добие реакција од Скопје.

За прекршување на Времената спогодба од страна на Грција Македонија поведе спор пред светскиот суд на правдата во Хаг кој го доби.

Што точно пишува во членот два од договорот со Бугарија кој според Заев е прекршен.

Член 2

1. Двете Договорни страни ќе соработуваат во рамките на Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа и други меѓународни организации и форуми.

2. Двете Договорни страни ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО.