Штрајкувачите во Париската опера вчера, 24 декември, покажаа дека штрајковите понекогаш можат да имаат благородна и нежна форма.



Во придружба на оркестар, дваесетина танчари изведоа дел од балетот „Лебедово езеро“ од Чајковски пред одушевената толпа народ пред Оперската куќа.

Тие танцуваа под двата големи транспаренти обесени на зградата на кои пишуваше „Париска опера на штрајк“ и „Култура во опасност“.

ВИДЕО