Како шпанската полиција ги бодри граѓаните среде пандемијата од коронавирус (ВИДЕО)

Примерот на полицајците од две патроли во Шпанија покажува дека припадниците на Министерството за внатрешни работи немаат задача само да го одржуваат јавниот ред и мир, туку и да ги бодрат граѓаните среде пандемијата од коронавирус, која тешко ја погоди оваа земја.



Шпанија е на четвртото место во светот според бројот на заразени од коронавирус – вкупно 28.603, што е за 3.107 повеќе во однос на вчера. Прва е Кина со 81.054, втора Италија со 59.138, а трети се САД со 32.356.

Во однос на бројот на починати, пак, Шпанија е трета со 1.756 смртни случаи од Ковид-19. Пред неа се Италија со 5.476 и Кина со 3.261.