Како Шекеринска ја уништи позицијата на Ковачевски пред лидерската средба со Мицкоски

Случајно совпаѓање на изјавата на искусната Шеќеринска со разбирање за тие што се против влез на бугарите во уставот или свесен обид за уништување на позицијата на премиерот Ковачевски пред средбата за уставни измени со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



Шеќеринска која е ветеран на политичката сцена и за која има информации дека би можела да се кандидира за претседател на државата на местото на Пендаровски на два дена пред лидерската средба даде изјава која апсолутно му ја зацврсти позицијата на Мицкоски кој одбива промена уставот.

Во изјава која е како нарачана од ВМРО-ДПМНЕ
поранешната министерка за одбрана и вицепремиерка порача дека треба да се разберат оние граѓани што се против уставните измени. Според неа, тие не се против ЕУ, туку се плашат од тоа дека ќе има и други барања.

Со тоа Шеќеринска му ги уништи позициите на Ковачевски кој сака да го убедува Мицкоски дека противењето на влезот на Бугарите во уставот ќе значи антиевропско однесување.

По изјавата на Шеќеринска а по критериумите на Ковачевски, Маричиќ и Османи и самата Шеќеринска е антиевропски елемент затоа што ги разбира тие што се противат на промена на уставот.

„Тезата дека нема алтернатива, според мене, не функционира. Многумина што ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани што велат не. Главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето што се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека по тоа, ќе има нови барања“, вели Шеќеринска и додаде дека тие им должат на овие граѓани. „Ако молчиме, тогаш и ние сме соучесници“, предупреди таа.

Како Ковачевски мисли да го убедува Мицкоски во неопходноста од промена на уставот кога една од најмоќните фигури во неговата партија има разбирање за позициите на најголемиот број Македонци засега е нејасно.

Упатени во состојбите во СДСМ велат дека потегот на Шеќеринска треба даа се гледа во контекст на идните прекројувања во партијата во која сите знаат дека Ковачевски е ,,Мртва буква” на хартија и дека неговите денови како лидер се бројат најмногу со месеци.

Што точно кажа Шеќеринска на два дена пред средбата на Ковачевски со Мицкоски.

Шекеринска: Треба да се разберат граѓаните што се против уставни измени, тие не се против ЕУ, туку се плашат од други барања