Во обид да ја префрлат вината за пасошите и другите лични документи од своите кадри кои 8 години го водат МВР, министрите од СДСМ и ДУИ со пропагандна акција се обиделе да стават чивија во кондурата на министерот Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од Талат Џафери вчера а денеска и заменикот министер за внатрешни работи од СДСМ Митко Бојмацалиев изјавуваат дека сите замената на возачките и сообраќајните дозволи се бесплатни за граѓаните но изјавите не ги поткрепиле со одлука на влада.
Граѓаните денеска тргнаа кон полициските пунктови и центри за регистрација на возила сметајќи дека владата на Џафери не лаже кога вели дека возачките и сообраќајните се бесплатни.
Во дел од медиумите блиски на СДСМ оваа информација вчера се споделуваше со наслов ,,Од утре бесплатно”.
Но кога граѓаните отидоа да бараат беплатни документи од службениците беа информирани дека тие не добиле таква одлука врз основа на која можат да издаваат бесплатни документи.
Владата се надевала дека гневот на граѓаните ќе биде насочен кон техничкиот министер Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ што сепак не се случи затоа што на сите им е јасно дека проблемот е создаден од Оливер Спасовски и кадрите на СДСМ и ДУИ, вели владин службеник кој сметка дека владата треба веднаш да ја објави одлуката и да ја достави до службите на МВР.
Одлуката за бесплатни документи денеска изутринава не била доставена до МВР.





