Против приватната фирма за чистење „Серта“ се води истрага во Обвинителството за начинот на кој ја измамила државата, за да добие милионски тендери.
Во два наврати, фирмата добила тендери од владини институции со наводно лажни документи, велат извори од Финансиската полиција и од Владата за Радио Слободна Европа.
За да ги исполни критериумите наведени во тендерот пред комисијата за јавната набавка, од „Серта“ прикажала фалсификувани фактури за купени стотина подвижни колички и машини за чистење и два пати во тендерска постапка со владината Служба за општи и заеднички работи склучила договори
Од Финансова полиција за РСЕ велат дека инспекторите на терен не ги нашле машините и количките со кои Серта на хартија ги исполнила критериумите за да го добие тендерот.
„Серта во прилог на понудата доставува фактури дека такви колички се набавени , а всушност не се, ниту некогаш биле. Ние целата механизација и физички и сметководствено ја проверивме, немаше такви колички. На фактурите е наведена жиро сметка на Халк Банка. Фактурите се од 2009 и 2010 година.
Во тоа време Халк Банка не работела ниту била отворена во земјава“, велат од Финансова полиција.
Халк банка ги откупи акциите на ИК банка во 2011 година.







