Бети Стаменкоска-Трајкоска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ смета дека кадровските решенија за владата на Зоран Заев се стари истрошени транзициски кадри.
„Зоран Заев ја поставува Јагода Шахпаска за министер за труд и социјална политика, нејзино единствено достигнување во досегашната кариера и е тоа што успеа да си ја вработи цела фамилија во државна администрација“ изјави денеска Стаменкоска-Трајкоска и додаде:
„Постои сомнеж дека додека Шахпаска беше пратеник таа го искористила своето влијание и си ги вработила својата золва, Маја Двојаковска, во Општина Берово, а потоа го вработила и нејзиниот сопруг во „Македонски шуми“. Од друга страна Шахпаска нема направено ништо ниту за Берово, ниту за Пехчево, регион од кој доаѓа, додека имаше политичка моќ како пратеник таа не истурка ниту еден проект за граѓаните на тие општини, туку го гледаше единствено својот личен интерес“. (Фокус)






