Како по наредба од невидлив центар провладините и други медиуми молчат и ја игнорираат изјавата на судијата Оља Ристова од кривичниот суд во Скопје која открива дека во обвинителството има селективна правда а обвинителите не ги гонат сите службени лица во сите предмети.
Ристова беше судијка во предметот Двојник каде беа гонети и осудени дел од тие што помогнале да се издадат 215 вистински македонски пасоши на странски криминалци за огромни пари.
Но предметот не ги допре и повисоките кругови во МВР како министерот Спасовски кој морал да знае за криминалот тежок милиони евра.
Според Ристова која во периодот кога ја дава изјавата обвинителите и МВР не допираат до сите инволвирани службени лица што укажува на опасноста обвинителството намерно да не гонело високи функционери како на пример министерот Спасовски со цел да ги заштити.
Провладините и другите медиуми кои молчат за изјавата на судијката Ристова не можат да се правдаат дека молчат затоа што се работи за илегално прибрани снимки затоа што изјавата на Ристова е дадена на официјална конференција.
Кој е центарот кој можеби наредил да се молчи за изјавата на Ристова можеби може да се најде меѓу редови во анализата на адвокатот Тортевски кој смета дека ако МВР и обвинителството молчат за тврдењето на Русковска за притисок кој не е од оваа влада тогаш врвот на владата на Заев ги контролира обвинителството и МВР.
Адвокат анализира: Молкот за Вилма значи дека Заев ги контролира обвинителството и МВР
Сите детали за изјавата на судијата Ристова која засега освен со бојкот од медиумите минува и без реакција од обвинителството кое го контролира Љубомир Јовески поставен по предлог на Зоран Заев.






