Обидите на бугарската држава до манипулации и пропаганда да ја сменат историјата на Македонија не се нови.
Во втората светска војна бугарските фашистички окупаторски власти се обидувале да го сторат истото што и сега но не успевале. Партизаните на соодветен начин се бореле против таквите обиди, открива најновото издание на Демирхисарската летна школа.
,,Спомен-костурницата во која се положени останките на Даме Груев била подигната во 1953 година, по повод педесет години од Илинденското востание од тогашните власти, кои имале државотворни чувства.
Ѓорѓиев укажа и на бугарските обиди за манипулација во 1943 година во текот на бугарската фашистичка окупација на Македонија. Според Ѓорѓиев, бугарската фашистичка власт се обидела да ги злоупотреби старите илинденци учесници во Илинденското востание, во пропагирање на бугарските шовинистички идеи пред жителите на Смилево. Како што посочува Ванчо Ѓорѓиев, како знак на револт и отпор, македонските партизани извршиле напад во Смилево токму на денот кога бугарските власти ја организирале манифестацијата”, пишува Нова Македонија во својот текст за настанот.
Во рамките на Демирхисарската летна школа, студентите од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Архитектонскиот факултет, Институтот за археологија и историја на уметност, го посетија Смилево, родното место на македонскиот великан Дамјан Груев. Во текот на обиколката на селото, студентите ги посетија спомен-костурницата каде што се положени останките на Даме Груев, споменикот посветен на македонските партизани од НОБ, црквата „Св. Ѓорѓи“ и Меморијалниот-музеј Смилево.
Студентите се предводени од проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф. д-р Сашо Цветковски, научен раководител на школата, дописен член на МАНУ, д-р Виктор Недески и проф. д-р Елизабета Касапова.
Професорот Ванчо Ѓорѓиев пред присутните го истакна националното значење на Даме Груев во историјата на македонскиот народ. Тој посочи дека Груев бил најголемиот авторитет во македонското револуционерно движење, основач на МРО и еден од главните водачи на Илинденското востание.
Целиот текст на овој линк






