Венецијанската комисија вчера повика да се преиспита Законот за јазици и да се напуштат одредбите за двојазичност посебно во судските постапки.
Но, вицепремиерот Бујар Османи, заддолжен да го брани Законот на својот Фејсбук профил објави свое „автентично“ толкување на извештајот на Комисијата:

-Венецијанската комисија штотуку го одобри извештајот за Законот за Јазици. Во кратки црти:
– Комисијата нема мандат за оцена на уставноста, тоа е прашање на земјата;
– Комисијата ја поздравува пошироката употреба на албанскиот јазик;
– Комисијата смета дека употребата на двојазичноста во банкнотите и униформите на војската е пракса во неколку земји и не е во спротивност со меѓународните норми;
– Комисијата го омекна вордингот по онос на спремноста на администрацијата за двојазичност во судството додавајќи го зборот МОЖЕБИ нема капацитети и бара наша флексибилност;
– Комисијата смета дека глобите за непочитување на законот се превисоки и треба да се разгледаат, напиша Османи.





