вели дека и тој лично од тоа што го правеше бугарската страна се чувствувал како некој да го боде со нож во стомак, но, според неговата изјава друга алтернатива освен да се продолжи кон ЕУ нема.



„Го осудувам отворањето на тој културен центар со такво име иако го имаат отворено граѓани на нашата држава“, рече премиерот Димитар Ковачевски коментирајќи го настанот на кој се отвори бугарски културен центар под името „Цар Борис Трети“

.„Тоа е провокација која никому не му носи добро. Отворање на културен центар треба да носи име на некој кој зближува, а не некој кон кој граѓаните имаат негативни чувства, не само Македонците, туку доминантно и Евреите бидејќи знаеме што се има случено со еврејската заедница во Втората светска војна“, рече премиерот во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Во однос на Бугарија и условот за вметнување на Бугарите во преамбулата на Уставот пред одржувањето на втората меѓувладина конференција со ЕУ, премиерот најави дека уставните измени ќе бидат широк консултативен процес и ќе започне кога ќе бидат подготвени тимовите што работат на тоа во Министерството за правда.