Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, се најде во немилост на македонските Бугари кои му забележаа што се нашол во исто време на исто место со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на одбележувањето на Свети Трифун во Кавадарци.



„Срамота! Како не му е срам?“, „Како бугарскиот амбасадор во РСМ го слави Св. Трифун во друштво на Мицкоски и на сите бугаромрасци од ДПМНЕ кои повикуваат да се убиваат македонските Бугари“, „Овој човек не сакаше да издвои пари за кирија за клуб за пријателство во Велес. Овој човек одби да се отвори бугарско неделно училиште. Јас лично зборував и нема никаква акција. Амбасадата немала пари“, се дел од коментарите под објавата на Фејсбук-групата „Бугари од Македонија“.