Затвореникот М.Б., од Тетово кој во затворот Идризово издржувал казна за убиство во висина од 20 години, ноќва бил „грабнат“ од возило на затворската полиција која го враќала во „Идризово“ од лекарски преглед.
Инцидентот се случил ноќеска околу полноќ.
М.Б. како итен случај бил транспортиран до болница. Откако бил прегледан и повредите му биле третирани, на враќање кон затворот успеал да побегне од возилото.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, синоќа во 23.20 часот четворица вработени во Затворската полиција кои биле со комбе „Форд транзит“ побарале помош од полициски службеници од СВР Скопје.
„Според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М од КПУ „Идризово“ кон Ургентниот центар „Мајка Тереза“, на автопатот осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х од затворската полиција, пукал и го ранил. Потоа осуденикот побегнал со патничко возило „ауди“.
Неофицијално, во една од верезиите на настанот, се вели дека напаѓачите на очигледно добро режираната акција, најпрво удриле во затворското комбе и го застанале со патничко возило “ауди” со сива боја, и под закана го одземале оружјето на двата службеници.
При грабнувањето, застрелан еден од затворските полицајци кој е префрлен во болница, бидејќи бил застрелан во нога.
А2 .ОН дознава дека вооружените лица точно знаеле кога ранетиот затвореник ќе биде спроведен во болница, го знаеле возилото, а иако не потврдено, веројатно имале и дополнителни информации како што се бројот на полицајци кои ќе го носат затвореникот на лекување и трасата на движење.
Затвореникот неофицијално, сам си нанел рана, поради која барал лекување.







