МВР се обидело да го прикрие инцидентот во кој градоначалникот на Шуто Оризари од СДСМ тепал и малтретирал граѓанин.
Ексклузивни документи од МВР кои ги “Економски Лидер” прикажуваат како министерството го прикривало тепањето на лицето Сенат Јашар од страна на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.
До редакцијата на Лидер свиркачи ја доставиле пријавата која Јашар ја направил на 01.05.2018, а во која објаснува дека бил тепан од градоначалникот Курто Дудуш.
Неговиот исказ бил заведен како “Пријава” а истиот го потпишал полицискиот службеник Панџаковски Даме.

Но, подоцна, истата пријава, била заведена како “Поплака”, форма по која МВР има можност да не реагира.

Неа ја потпишал, полицискиот службеник, полицискиот службеник Волковски Љупчо.
Ова е класично заташкување на случајот на насилство врз лицето Курто Дудуш од страна на МВР и началникот на П.С. Чаир, Коменовиќ Сашко, објавува Лидер чии извори во МВР тврдат дека во заташкувањето на случајот бил вмешан министерот Оливер Спасовски кој интервенирал да пријавата да се преименува во поплака за да може да се спаси градоначалникот Курто Дудуш.
Завчера, Економски Лидер објави аудио бомба, во која беше претставено тепањето од страна на Курто Дудуш.




