Како Мицкоски ги убедил партнерите за предвремени избори ?

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски добил поддршка од партиите кои се дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори.



Дел од партиските лидери биле скептични за оваа варијанта затоа што предходно власта тврдеше дека има голема предност пред опозицијата но на состанокот тие го смениле ставот.

Извори во коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ велат дека откако најголемата партија презентирала резултати од засега необјавени анкети нема дилема дека изборот на Мицкоски за предвремени избори е добар.

Според презентираните анкети опозицијата ќе однесе сериозна победа ако заедно со претседателските во мај има и парламентарни избори.

“Денеска имавме состанок со лидерите на партиите кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од @VMRO_DPMNE. Бараме распуштање на Собранието и организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори”, изјави лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој пред јавноста не дава детали за рејтингот на неговата партија и владеачката коалиција.