Како луѓе блиски на Артан Груби купиле атрактивен хотел по цена за викендичка

Неделникот Фокус објавува истражување според кое лица блиски на вицепремиерот Артан Груби купиле хотел на атрактивна локација на Попова Шапка по цена која одговара на викендица на Попова Шапка или еднособен стан во Скопје.



Што е индикативно во новиот скандал за купување на имот по нереални цени од блиски лица на Артан Груби кој го објавува неделникот Фокус?

Иако цените на викендици со две или три соби на Попова Шапка се движат меѓу 50 и 100 евра во зависност од квадратурата, локацијата и староста цената на купопродажниот договор меѓу купувачот и сопствениците на хотелот Гранит изнесува неверојатни 55.000 евра.

Периодот на купопродажба на хотел Гранит во која се вклучени лица блиски на Артан Груби е во време кога владата тендерот за автопатот Скопје – Блаце го дала на компанијата Гранит која подоцна за багатела го продава својот хотел на Попова Шапка.

Според Фокус основач и можен скриен сопственик на фирмата Еуро КОМ Лајтинг која е купувач на Хотелот Гранит е претседател на ФК Шкупи и блиско лице на Артан Груби, Суат Аљија.

Во исто време дел од управниот одбор на ФК Шкупи е и Омер Буњаку – советник на Артан Груби.

Во случајот Хотел Гранит се повторуваат истите принципи од купопродажбата на атрактивна локација на улицата Македонија каде братот на Артан Груби купил деловен простор од 127 квадрати за 650 евра по квадрат а реалната цена во овој дел од Скопје се движи меѓу 3 и 5 илјади евра.

Суат Аљија на сликата од натпревар на Шкупи на која се и лидерот на ДУИ Али Ахмети премиерот Ковачевски седи непосредно до вицепремиерот Артан Груби.

Целото истражување во најновиот број на неделникот Фокус