Навидум невообичаен но многу логичен твит на месецот во кој се содржани низа размислувања и сценарија кои се разговараат и во СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како и во непартиски кулоари.
Твит анализата во продолжение:
(Ковачевски) Знае дека е политички и во секоја смисла инфериорен во однос на Црпле (Заев), но знае и дека истиот заврши со политика и нема употребна вредност. Уште повеќе е свесен дека е далеку поинфериорен од Мицкоски.
Затоа бега од дуел. Знае и дека има вештачка поддршка од членство на СДСМ.
Политички цели нема, не го интересира Македонија како држава.
Лични цели има, а тие му се: – Кариера – Лично богатење – Власт – Што подолго на чело на СМРДСМ (СДСМ) – Опседнат е со лична промоција
Цело негово политичко дејствување се состои во:
1. Да го тргне Оливер Спасовски како најголема закана за него како лидер на СДСМ
2. Да им ги исполнува желбите на ДУИ и коалиционите партнери, посебно оние кои имаат пратеници, бидејќи бројките го јадат.
Како ќе го тргне Оливер?
Го сили да се кандидира за Претседател на РМ.
1. Ако победи, завршува со него во следни 5 години
2. Ако изгуби, завршува за 4 години
За овие опции да ги исполни, потребни му се Претседателски и Парламентарни избори заедно.
1. Ако е Оливер кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ, не може да биде и носител на листа во ИЕ2, и веднаш ја исполнува опцијата
2. Ако Ољо успее, ловорики ќе има и поддршка од него за лидер на СДСМ.
Во однос на ДУИ, им исполнува секоја лудост. Се што ќе им текне. Им препушти многу од бизнис, и си навлече гнев од влијателни комуњари. Навлече омраза и од неопределени. Се за бројот 61 и нешто над.
Ќе прими се во влада за да има 61 и да биде премиер формално правно.
Планира втор круг на Претседателски да биде со Парламентарни за да ДУИ поддржувачи и албанци гласаат за Ољо кон кои ќе имаат ветувања дека доколку освои власт, им ги исполни сите желби.
Ова јавно нема да се каже.
Промена на Устав за бугари знае дека е скоро неможна мисија.
Ољо да победи има некои шанси.
Се крстат во ДУИ и албанците.
Но Ољо знае дека сега не сме 2018-19, и дека со тоа во случај на пораз, ќе му заврши кариера политичка.
Ќе биде заборавен, нема да е пратеник и маргинализиран ќе биде во СДСМ.
Дали ќе наседне ќе видиме.
Ајде вака 🙂
Во свои интимни политички и лични кругови на луѓе, Тачка @DKovachevski одкако го насадија за премиер го има кажано следново.
– Ќе бидам премиер година и пол до две, после секако ќе сум пратеник како носител на листа.
Тоа му е целта, ништо друго и ништо повеќе. 1/9— Фортификација (@Fortiifikacija) May 17, 2023






