Портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов „сам себе убијал“ на тема „идентитет“: едно зборуваше пред нецели 2,5 години, за пред два дена да се стори пишман и да го тврди спротивното.
„Кога немаш економска комоција, кога буквално сме поприлично без пари, чуму ни е идентитетот?“, ќе праша тој во дебатна емисија на сега непостоечката 1ТВ во октомври 2018 година.
„Сето она за кое ние кажуваме дека е наша црвена линија, а тоа е нашиот македонски идентитет и македонски јазик. И преку тоа нема поминување!“, ќе згрми членот на Централниот одбор на СДСМ во „Само вистина“ на Канал 5 завчера.





