Претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје Иван Џолев најави дека од понеделник ќе добие информации за случајот со условната казна за сообраќајката со смртни последици во 2018 кај Млечниот ресторан во Скопје, за која беше изречена условна казна, па дури потоа ќе излезе со коментар.



„Во моментов немам повеќе информации за пресудата. Таа беше донесена вчера (петок), јас за неа дознав на крајот од работното време. Ќе се интересирам за случајот, од понеделник ќе добијам повеќе информации од судот, по што ќе можам да дадам коментар и став“,изјави Џолев за „360 степени“.

Со оглед дека одлуката се уште не е правосилна, сега се чека ОЈО дали ќе се жали до Апелација. Од Обвинителството допрва ќе одлучат дали ќе поднесат жалба за пресудата.

-По добивањето на писмената пресуда надлежниот јавен обвинител ќе ги разгледа аргументите во неа и ќе донесе одлука за натамошно постапување, велат од ОЈО за Канал 5.