Откако на социјалните мрежи беше објавено дека функционерката на ДУИ и член на управниот одбор на Македонски Телеком Шкодране Дардишта што се закани со војна имала изградена хациенда на локација каде не е дозволена градба се јави граѓанската иницијатива Независни за Карпош – За заштита на Карпош која има свои советници во советот на Општина Карпош.
Од таму тврдат дека објектот за кој станува збор е дивоградба која не смеела да биде крената.
За дел од постапките на градителите на хациендата треба да следуваат кривични пријави, сметаат од иницијативата.
” 🏘 ⛰ На социјалните мрежи се објави информација за изграден станбен објект во текот на 2018, во делот на заштитеното подрачје на Водно, а во рамки на општина Карпош.
Се работи за КП 2352/1 со имотен лист 12393. Според имотниот лист, земјиште под зграда е 206 м2, со приземје од 198 м2 и прв кат од 155 м2.

❓ За да добиеш имотен лист за објектите, значи дека се легални, но како може да се легални кога се изградени вон општиот акт за село Горно Нерези, на заштитено подрачје, а законот за постапување со бесправно изградени објекти дозволува легализација само на објекти изградени до 3.3.2011?
Инаку, за да легализираш дивоградба, потребен е доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн.), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред 3.3.2011.
Ако сопственикот има поднесено изјава дека објектот е изграден пред 3.3.2011, одговара кривично.
🗣 Нашите советнички ќе бараат официјален одговор од општината за овој случај, дали е легализирана градбата, врз основа на што, па врз основа на добиените одговори, ќе бараме соодветна одговорност и постапување”, стои во реакцијата на граѓанската иницијатива.
Линк до реакцијата
https://www.facebook.com/142829884624036/posts/209608067946217/
Во текот на денот или утре се очекува за овој случај да се расправа и во Јавното обвинителство.
Со евентуална истрага може да бидат опфатени и ЕВН и Водовод ако надвор од законот приклучиле дива хациенда на системите за струја и вода.







