Како да спакуваш мастика во декларација на 10 јазици? – Новиот закон за повеќејазичност им го загорчува животот на трговците и производителите

Повеќејазичноста, која станува обврска за производителите, трговците и увозниците во земјава, воведена со новиот Закон за заштита на потрошувачите, за компаниите е нов шок и дополнителен трошок, кој не е неопходен во време на криза. За нив одделни делови од членот 6 од овој закон се неуставни, збунувачки и многу непрактични за приемна. Посебно се револтирани што оваа промена од законот ја немало во предлозите за кои давале мислење, а предлозите што ги дале не биле прифатени, иако биле од суштинско значење за неговата примена.



Новиот Закон за заштита на потрошувачи, кој беше донесен набрзина во ноември, иако стоеше во Собранието неколку месеци и стапи на сила на 15 овој месец, донесе низа промени кои се однесуваат на подобрувања за потрошувачите, но и обврски за трговците и производителите.

Според стопанствениците, повеќе негови одредби се спорни за реализација, но мементно најмногу се погодени од членовите 6 и 37 кои го регулираат прашањето за јазиците на кои треба да се пишуваат информациите на амбалажата, приврзоците, налепниците, упатство, декларациите, изјавите, сертификат и/или на другите документи.

Овие информации, според законското решение, треба да бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на територијата на Република Северна Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици, како и на знаци или пиктограми што се лесно разбирливи за потрошувачот.

Целиот текст на овој линк.