Професорот Ферид Мухиќ, независен пратеник во коалицијата предводена од СДСМ, станува сè поопасен за имиџот на власта со своите ставови за името и за договорот со Грција.
Со оглед на тоа што оваа тема ќе биде актуелна во наредниов период, а професорот нема намера да се повлече од јавноста и да калкулира со своите јавно изложени ставови, владината коалиција размислува „да го омекне“ со амбасадорско место во Босна и Херцеговина.
Со добивање на ваква функција професорот би ја крунисал својата политичка кариера во земјата во која е високо почитуван и каде што е претседател на Бошњачката академија на науките и уметностите.
Дополнително, како амбасадор тој без дозвола од МНР нема да може да дава јавни изјави со кои ќе прави штета на владеачката гарнитура за прашањата за кои сега е жесток.
Првичните разговори за оваа тема се веќе направени со луѓе блиски до него, но, според сознанијата на expres.mk, тие на „емисарите“ им порачале дека професорот нема намера своите чест и ставови да ги тргува за државна функција.
Во планот за скротување на Мухиќ се и други понуди за високи функции за негови блиски луѓе, но и јавни напади и обид за негово денунцирање во јавноста.
Професорот по филозофија на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е еден од највлијателните македонски интелектуалци, кој бил визитинг професор на низа врвни светски универзитети.
Пред неколку дека во интервју за Канал 5 изјави дека со договорот со Грција Македонците го губат својот идентитет. Претходно, гласаше против договорот во Собранието.
Фалсификат: Мухиќ воопшто не гласал за “бесмислениот договор” за името





