Како да се намали победата на ВМРО-ДПМНЕ била една од темите на вчерашната вечера во владата, тврдат извори блиски на учесник во вчерашната вечера во владата на која учествувале повеќе македонски, регионални, американски и европски гости.
Една од темите на разговор на вечерата била ВМРО-ДПМНЕ при што еден од домаќините предупредил на голема победа на Мицкоски и побарал помош од сите политички фактори да им помогнат на СДСМ и ДУИ со цел намалување на победата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според изворите на expres.mk силна поддршка за оваа идеја македонскиот преставник добил од албанскиот премиер Еди Рама и шефот на Фондацијата Сорос Александар Сорос.
Тие зборувале за потребата сите албански партии во Македонија и СДСМ да застанат зад еден кандидат за претседател и да одат заедно во коалиција на изборите.
Останатите присутни молчеле или но не се спротивставиле директно на овие идеи.
Во текот на разговорот во момент на искреност претседателот Пендаровски искажал дилема дали воопшто вреди се кандидира на избори ако кандидат ако во првиот круг на претседателските избори свои кандидати имаат и ДУИ и Албанската опозиција која сега е во посета на Вашингтон.
Според Пендаровски во такво сценарио ВМРО-ДПМНЕ има реална можност да освои 61 пратеник на изборите.
Кој се бил на состанокот и што друго се зборувало
Чуден состав на ,,Лидерски состанок” во Скопје – Груби прогласен за лидер на Западен Балкан






