Какламанис: Ставот на Атина за членство на Скопје во ЕУ не е сигурен

Првиот заменик претседател на грчкиот Парламентот, Никитас Какламанис во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА открива дека ставот на Атина за членство на Скопје во ЕУ да го смета за сигурен, jави дописничката на МИА од Атина.



„Договорот од Преспа, кој е срамен за нашата татковина, должни сме да се придржуваме кон него во однос на НАТО. Нова демократија е одговорна партија и мораме, за жал, да го почитуваме.

 Но, никој не смее нашиот став за влез на Скопје во Европската унија да го смета за сигурен.

Соседите да знаат: патот кон ЕУ нема да биде послан со рози. И ако судам според реакциите што веќе постојат во Скопје за едноставни теми во спроведувањето, мислам дека ќе имаат големи пречки за надминување – вели заменикот претседател на Парламентot и пратеник од Нова демократија за АНА-МПА.